Јужноамерикански темперамент брзо избувнува: Полицијата во Перу удри по фудбалерите на Венецуела (Видео)

Квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година се во полн ек во Јужна Америка. Утрово во центарот на вниманието беше големото дерби меѓу Бразил и Аргентина, а на крајот дуелот на легендарата „Маракана“ во Рио де Жанеиро заврши со победа на гостите од 1:0.

Мечот на „Маракана“ го одбележа големиот инцидент што се случи на трибините пред почетокот, кога полицијата влезе во клинч со аргентинските фанови. Поради тоа, средбата доцнеше речиси 30 минути, а капитенот на светскиот првак, Лионел Меси, рече дека за малку била избегната трагедија. 

Не беше тензично само во Бразил. Дуелот меѓу Перу и Венецуела заврши без победник (1:1), а гостите беа многу позадоволни од овој исход. По завршување на мечот, гостинските фудбалери сакаа да ги поздрават навивачите кои беа на трибините и да им подарат дресови.

Сепак, кога фудбалерите тргнаа кон трибината, реагираше перуанската полиција, која не дозволи фудбалерите да го напуштат теренот. Тогаш започнаа тензиите, а полицајците дури ги извадија палките и почнаа да удираат по дел од фудбалерите кои сакаа да дојдат до своите навивачи.

- Оглас -

Најнови вести