Меси ја обвини бразилската полиција за хаосот на „Маракана“: Да не се повлечевме во соблекувалната, можеше да дојде и до трагедија (Видео)

Дуелот од квалификациите за пласман на СП 2026 година кој се играше на „Маракана“ во Рио де Жанеиро меѓу Бразил и Аргентина започна половина час подоцна поради нередите кои се случија на трибините, а за целиот хаос Лионел Меси ја обвини бразилската полиција.

Социјалните мрежи се преполни со видеа на кои се гледа како бразилската полиција со пендреци мава по аргентинските навивачи, а тој потег ги натера Гаучосите да се повлечат во соблекувалните и да одбијат да играат се додека не се смират тензиите.

 

Во еден момент, пред да се повлечат во соблекувалната, голманот на Аргентина, Емилијано Мартинес, се обидува да го одземе пендрекот на бразилски полицаец кој маваше во аргентинските фанови.

https://twitter.com/i/status/1727188509973426657

„Беше тажно бидејќи видоа како тепаат луѓе. На трибините имаше цели семејства, а бразилската полиција со пендреци тргна кон нив и тоа не ѝ е првпат. Исто така беше и пред финалето на Копа Либертадорес, кога ги тепаа навивачите на Бока. Да не се повлечевме во соблекувалната, можеби ќе дојдеше и до трагедија“, изјави Меси по мечот.

Аргентина во најголемото репрезентативно дерби славеше со 1:0 и со голот на Отаменди и му го нанесе првиот пораз историјата на Бразил на домашен терен во квалификациите за Светско првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести