Какабаѕе: Игравме двапати со Македонија, но ова е специјално и најзначајно во кариерата

Отар Какабаѕе играше само на еден од двата меча против Македонија, а очекува да биде во составот на Владимир Вајс за последниот есенски дуел од трилогијата на двете селекции, секако најважен, што носи билет за пат на ЕП 2020.

Какабаѕе настапи на првиот дуел против нашата селекција игран во Тбилиси на 8. септември, а сега повторно речиси сигурно ќе биде стартер и за историскиот меч на 12. ноември што води на ЕП.

„Имаме неверојатна поддршка од нашите навивачи, од цела Грузија и тоа е дополнителен мотив за нас да победиме. Иако ќе ја немаме поддршката од публиката на стадионот, сепак милсам дека сме подобри од Македонија. Ги познаваме добро и очекувам да славиме во најважниот меч во нашите кариери“, вели Кабакаѕе.

Грузија и Македонија ремизираа 1:1 во двата чина, во Тбилиси и во Скопје во септември и во октомври, но ноември е месец за историја.

И двете селекции немаат играно на големо натпреварување, па предизвикот е историски и за Грузија и за Македонија на 12 ноември на „Борис Паичаѕе арената“, на дуелот што ќе се игра од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести