Каде што е Мурињо, таму се и прозивките – Го пецна Реал поради Бејл

По повеќе од седум години пауза, Герет Бејл повторно заби во дресот на Тотенхем. Староновата ѕвезда на Петлите ја донесе победата против Брајтон од 2-1 како џокер од клупата откако проработеа отпишаните играчи од Реал Мадрид по асистенцијата на Серхи Регилон.

По мечот, Жозе Мурињо како да чекаше ваква прилика да упати порака до таборот на Кралевите.

„Погодокот на Герет беше важен за нашиот тим бидејќи ни беше потребна победа, но секако и нему му значи за самодоверба, а исто така и навивачите се пресреќни што повторно погодува за овој клуб. Кога ќе имам пет минути слободно време, ќе ја проверам веб-страницата на Реал Мадрид да видам што пишуваат за него“, истакна Мурињо во свој стил.

Колку за информација, Кралевите немаат ништо објавено на официјалната веб-страница за сè уште нивниот член, кој е на позајмица во редовите на Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести