Каде е топката: Теодосиќ му го помати умот на противникот (видео)

Милош Теодосиќ многупати докажал дека е еден од најдобрите кошаркари во Европа во последните десетина години кој доаѓа од ексју земјите.

Српскиот плејмејкер овојпат ги покажа своите вештини така што му го помати умот на противникот. Во победата на Виртус Болоња со 89:62 над Реџина, жртва на Теодосиќ беше Леонардо Канди.

Во соло-акција, Теодосиќ со неколку дриблинзи влезе во рекетот и наместо веднаш да поентира, тој застана. Во обид да се ослободи од Канди, Теодосиќ сам себе си асистираше додавајќи си зад грбот на противникот, кој не знаеше каде е топката, а потоа лесно поентираше.

 

- Оглас -

Најнови вести