Каде исчезна Леброн Џејмс?

По пауза од повеќе од еден месец, Леброн Џејмс минатиот викенд се врати на теренот и играше против Сакраменто кингс. Леброн имаше повреда на глуждот, од која закрепна, но сега ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс едноставно „исчезна“.

Џејмс не беше на листата на играчи за дуелите против денвер и ЛА клиперс, а го немаше ниту меѓу повредените, ниту кај заразените од корона-вирус. По синоќешниот меч против градскиот ривал Клиперс, тренерот на Лејкерс, Франк Вогел, беше запрашан за тоа каде е Леброн и зошто не играше. Одговорот беше збунувачки.

„Леброн едноставно не е тука“, рече тренерот Вогел, кој очигледно не сакаше да открива многу околу тоа каде е и зошто го нема Џејмс на теренот.

Јасно е дека Џејмс нема да биде во составот на Лејкерс и за следниот меч против Портланд, а не се знае кога може да го видиме на паркетот. Актуелниот првак моментно е на шестото место на табелата во Западната конференција.

 

- Оглас -

Најнови вести