Кадилак влегува во Формула 1

Американскиот тим Кадилак ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1 од 2026 година, соопшти Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

„ФИА и Формула 1 потврдуваат дека, по завршувањето на спортските, техничките и комерцијалните евалуации, пријавата на Џенерал Моторс за влез на тимот Кадилак во Светското првенство од 2026 година е одобрена“, се наведува во заедничкото соопштение на ФИА и Ф1.

Американскиот тим во првите две сезони ќе користи мотори на Ферари, а од 2028 година се очекува сами да почнат со производство на погонската единица.

Кадилак така ќе стане 11-тиот тим во шампионатот на Формула 1 и втор американски тим по Хас.

Од 2026 година на сила ќе стапат нови технички правила во Формула 1, кои првенствено се однесуваат на погонските единици и шасиите.

Овогодинешната сезона на Формула 1 ќе започне на 16-ти март, со трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн.

- Оглас -

Најнови вести