Кадри се врати на мраз во вистински момент за да го нокаутира шампионот, Колорадо е на една победа од титула во НХЛ по 21 година (Видео)

Колорадо авеланш е на една победа од титулата во НХЛ откако на гости го победи актуелниот шампион Тампа беј со 3:2 по продолженија и водат со 3:1 во финалето што се игра до четири триумфи.

Назем Кадри, кој не играше на првите три меча поради повреда, е големиот јунак на Колорадо и тој го постигна голот за триумф во 13-тата минута од продолжението.

Авеланш следниот меч ќе го игра на домашен терен и ако победи ќе биде шампион на НХЛ по пауза од 21 година.

Тампа е двоен првак по ред, но за хет-трик сега му треба голем подвиг и победи на сите три преостанати меча, ако успее да се избори за плејоф-серија во 7 натпревари и евентуална мајсторка што би се играла во Колорадо.

 

 

- Оглас -

Најнови вести