Каиро и Казабланка бијат битка за најубав фудбалски амблем, Пандев е неизбежен и во оваа приказна

Каиро и Казабланка бијат неизвесна битка во изборот за фудбалски клуб со најубав амблем на планетата во второто издание на таканаречениот BRAND Ranking World Cup.

Моментно со 435 илјади гласови египетскиот гигант Ал Ахли е во предност пред мароканскиот великан Ража Казабланка, клуб за кој гласале нешто над 431 илјади луѓе.

Далеку зад нив е бразилски Флуминензе со 114 илјади гласови.

Ова е второ издание на BRAND Ranking World Cup, а прв победник беше Палмеирас од Бразил.

Во целата приказна свое место има Горан Пандев, кој има играно за три клуба што се во Топ-50 во изборот за фудбалска екипа со најубаво лого.

Турски Галатасарај за кој популарниот Гоче играше во сезоната 2014/15 е моментно на 11. место, Интер со кого Пандев стана и европски и светски првак во 2010 година е 18-ти, а Наполи, чиј член беше од 2012 до 2014 година го завзема 40-то место.

На Давид Бабунски му недостасуваше да одигра барем еден меч за А тимот на Барселона за да биде израмнет со Пандев. Членот на младинската Академија на Барселона, популарната „Ла Масија“, откако мина период од 10 години во младинските категории на шпанскиот гигант, играше за Црвена Ѕвезда, која солидно се држи на 14. место и за Јокохама маринос, клуб кој е на 48-то место.

Треба да се спомене дека и Елиф Елмас има играно за два клуба што се во Топ-50. Неговиот сегашен клуб Наполи е 40-ти, а претходниот, Фенербахче, е високо пласиран на четвртата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести