Кај и да е ќе се пензионира, но Кјелини ја знае својата замена во Јувентус

Џорџо Кјелини се уште е стаднарден и одличен во дефанзивата на Јувентус и во репрезентацијата на Италија, но еден од најдборите стопери на планетата знае дека доаѓа време за фудбалска пензија и веќе му предложил на раководството на клубот од Торино, играч што смета дека може достојно да го замени.

Кјелини многу го цени швајцарскиот репрезентативец Мануел Аканџи и пред дуелот меѓу Швајцарија и Италија што ќе се игра денеска од 20,45 часот, го посочи токму 26-годишниот играч на Борусија Дортмунд како можна негова замена во Јувентус.

„Местото наскоро ќе биде достапно за Аканџи во одбраната на Јувентус. Јас сум при крај на кариерата и верувам дека тој е еден од потенцијалните играчи што може да ме замени. Игра одлично и можеби му фали еден чекор да биде меѓу најдобрите на светот“, изјави Кјелини.

Двајцата вечерва на „Сент Јакоб“ парк во Базел ќе играат еден против друг во дербито на петтата квалификациска рунда за настап на Мундијалот во Катар идната година.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести