На Кристијано Роналдо му е забрането да менува сијалици во неговиот дом, бидејќи постои ризик од паѓање од скала и евентуална повреда. Ова го потврди неговата сопруга Георгина Родригес која е задолжена да ги врши домашните задачи од типот на менување на прегорена сијалица.
„Кристијано е супер татко и маж. Како од соништата. Тој не готви, но заслужува чинија со храна после секој утрински тренинг. Имаме готвач, а некогаш и јас готвам. Дома имаме многу висок плафон, па невозможно е да се смени сијалица без да се качите на скала. Да сте вие Кристијано Роналдо, би се качувале ли на висина од 6 метри за да смените сијалица? Подобро не. Тој треба да се грижи за кариерата, за останатото, јас сум тука“ – вели Георгина која пред да го запознае славниот фудбалер, работеше во бутик за месечна плата од 1.200 евра.