Спортската прогноза влегува во самиот финиш – Нема испаѓање, има само добра забава и одлични награди

Втората сезона на Спортска прогноза влегува во самиот финиш и остануваат само уште три кола до крајот на овој циклус на бесплатната игра што за вас ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Кај нас нема испаѓање, има само добра забава и одлични награди, а погодена тринаесетка во секое коло носи убава премија, мобилен телефон IPhone XS.

Во тек е 32-рото коло во кое можете да се приклучите и денеска, а најдоцна до утре, до 17 часот, до почетокот на првиот меч меѓу Селта и Бетис.

Тринаесетката што ви ја нудиме за прозгнозирање е многу интересна, а дербито е во Рим меѓу Лацио и Милан. Во понудата е и финалето на Германскиот куп во Берлин, каде што утре од 20 часот за пехарот ќе играат Баер Леверкузен и Баерн Минхен.

Во битката за Генералниот пласман, вториот шампион на Спортска прогноза е речиси познат, а Христијан Т. треба само рутински да држи темпо во последните три кола.

Лидерот на табелата има 214 поени и двоцифрена разлика во однос на конкурентите и ако не направи поголем кикс во финишот на сезоната ќе ја добие главната награда ТВ смарт од 48 инчи.

Подароци ќе има и за останатите прогнозери што ќе се задржат во Топ-5 во последните три кола, а конкуренцијата е голема, па затоа секој поен е важен.

За поредокот во Генералниот пласман се сметаат и погодените резервни двојки, па треба да се внимава и на дуелите меѓу Валјадолид и Алавес во Шпанија и на дуелот во Серија А, каде што ќе играат Бреша и Верона.

Прогнозирајте, забавувајте се и очекувајте убави подароци со Спортска прогноза.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести