Кај него нема средина, судијата кој делеше и по 16 картони на меч, денеска не се фати за џеб!

Реал Сосиедад на продолжи триумфалната низа, денеска како гостин го совлада Рајо Валјекано со 2-0, и сега има ист број бодови со Реал Мадрид, кој има и два меча помалку.

Столе Димитриевски беше на голот на Рајо, но двапати беше немоќен и ја вадеше топката од мрежа.

Интересно е што на оваа средба на „Валјекас“ во Мадрид не беше покажан ниту еден жолт или црвен картон, а дуелот го судеше Антонио Матеу Лахоз, кој неодамна се прослави откако на два меча (едниот на Светско првенство во Катар) по ред додели дури 32 картони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести