Кајри Ирвинг може да биде зицер на вечерта во НБА за тие што играат на индивидуалци (Фото)

Од деветте натпревари во НБА-лигата кои се играат вечерва по полноќ, на три има тимови кои се големи фаворити според квотите за победа, а има и дуели кои се неизвесни и кај кои квотите се блиски за кец и двојка.

Еден од оние лесно предвидливи мечеви треба да биде Бостон – Бруклин. Селтикс, кој е лидер на Истокот, е фаворит на хартија, плус тоа има 2-0 против Нетс сезонава, кај гостите го нема Кевин Дурант, па кецот е извесен. Но, отсуството на Дурант и мотивацијата што ќе игра против својот поранешен клуб со кој не се раздели пријателски, може да биде шанса за ефикасна игра на Кајри Ирвинг.

Во Sport Life, меѓу многуте кошаркари на кои може да се обложите колку поени ќе постигнат, се наоѓа и Ирвинг, а границата е поставена на 30,5 поени. На првите два меча сезонава против Бостон, Кајри даваше 18, односно 24 поени, под границата која се бара од него.

- Оглас -

Најнови вести