Кака: Не бев најталентиран Бразилец, но бев најпрофесионален

Еден од најдобрите бразилски фудбалери во последните 20-тина години, Рикардо Кака, смета дека немал талент како Ромарио, Роналдо, Ривалдо и Роналдињо, но бил попрофесионален од нив.

„Од петте Бразилци кои беа фудбалери на годината, веројатно јас бев најнеталентираниот. Но, веројатно бев најпрофесионален. Само со талентот, немаше ништо да направам, потребна беше работа. Сфатив дека мора да се трудам и да трчам повеќе од останатите“ – вели Кака.

Кака жали што во 2006 година, Бразил не станал светски првак, иако имал добр тим,  но тој освои Мундијал, во 2002, и тоа му е омилениот трофеј во кариерата.

„Ако мора да одберам еден трофеј, тогаш титулата на СП 2002 ми е омилена, иако играв само 23 минути против Костарика. Интересно е што играв 23 минути, а на тоа првенство го носев дресот со бројот 23“ – додава Кака.

- Оглас -

Најнови вести