Како Барселона обезбеди 55 милиони евра за новото засилување кога клубот е во финансиска криза?

Барселона е на прагот од доведување на шпанскиот репрезентативец Феран Торес на „Камп ноу“ во зимскиот преоден рок. Според најавите, каталонскиот гигант е подготвен да плати 55 милиони евра само за да го откупи договорот од Манчестер сити.

Многумина се зачудија околу тоа како Барселона ќе даде толку пари за еден играч, ако се знае дека клубот е во финансиска криза и само пред неколку месеци не обезбеди пари за да го задржи Лионел Меси.

Првично, поголем дел од парите се обезбедини благодарение на изненадното заминување во пензија на Серхио Агуеро. Сепак, и ова пензионирање на Агуеро не ја носи целосна сума која е потребна за да не се прекрши финансискиот ферплеј на Барселона.

Се верува дека Торес ќе се согласи во првите неколку месеци од доаѓањето во Барселона да добива минимална плата, а дури потоа, кога ќе дојде летниот преоден рок, клубот да ги собере останатите потребни пари за да биде регуларно комплетиран овој договор.

На крајот од сезоната се очекува неколку фудбалери да го напуштат клубот и со нивната продажба да се соберат средства за реализација на трансферот на Торес.

- Оглас -

Најнови вести