Како би изгледала табелата во Шпанија без ВАР: Еден гигант е драстично „оштетен“

Фудбалерите на Реал Мадрид веќе неколку дена уживаат во статусот прваци на Шпанија. Кралскиот клуб синоќа одигра нерешено 2:2 против Леганес, дуел на кој повторно имаше реакции поради ВАР-системот, односно поради недосуден пенал за гостите.

Шпанскиот весник „Ас“ реши да направи симулација за тоа како би изгледала табелата во Примера доколку не постоеше ВАР-системот за корекција на некои судиски одлуки. По реакцијата и корекцијата од ВАР-собата, има промени на 31 меч во Примера, а интересно е што и со ВАР и без ВАР-системот Реал Мадрид е на врвот пред Барселона.

Најголема „жртва“ на ВАР-системот е Валенсија, која остана без шест бодови поради корекции на одлуките со помош на видеотехнологијата. Ако Валенсија ги имаше на своето конто тие шест бода, Лилјаците сега ќе беа на петтото место, а не деветти и без место во Европа.

Атлетико Мадрид, Валјадолид и Леванте освојуваа бод против Валенсија благодарение на ВАР-системот. Ако не беше видеотехнологијата, Валенсија ќе победеше на тие три меча, што значи дека ќе освоеше девет наместо освоените три бода. Ако на сегашните 53 бода се додадат тие шест бода, Валенсија со 59 бода ќе беше на позиција за излез во Лигата на Европа.

Еве како е актуелната конечна табела и како би изгледала табелата без помош на ВАР-системот.

 

- Оглас -

Најнови вести