Како бојата на Ливерпул е засраменото лице на сопственикот Џон Хенри (видео)

Англиската шестка уште вчера навечер се повлече од идејата да формира Суперлига, а денес примерот го следеа Атлетико Мадрид и Интер како први клубови од Шпанија и Италија да донесат одлука против елитното натпреварување од затворен тип.

Навивачите ја добија можеби најголемата битка досега, фудбалот победи, па на сопствениците на клубовите, оние кои иницираа да се отцепат од УЕФА, јавно им се извинуваа.

Џон В. Хенри е еден од нив. Газдата на Ливерпул засрамен од случувањата, преку видео се извини за целиот хаос кој се предизвика.

„Би сакал да им се извинам на сите навивачи на фудбалскиот клуб Ливерпул поради непријатносите кои ги предизвикавме во изминатите 48 часа. Мора да се потенцира дека проектот Суперлига никогаш немаше да успее без навивачите, сите во Англија бевме свесни за тоа. Вие го искажавте својот став, а ние ве послушавме. Би сакал да им се извинам и на Јирген, на играчите и на сите вработени во клубот кои прават сè за оваа организација да биде успешна. Тие воопшто не се виновни за овој хаос, а беа меѓу најголемите жртви. Настојуваме повторно да ја придобиеме довербата на навивачите и да работиме во нивна корист“, вели Хенри.

- Оглас -

Најнови вести