Како што брани Киреев, лесно ќе и оди на Русија на ЕП (Видео)

Голманот на руската репрезентација, Виктор Киреев, бранеше одлично на премиерниот меч на Европското првенство во регионалното дерби со Литванија и беше меѓу најзаслужните за победата од 29:27.

Прва за Русија во Ф групата, каде што ривали се и Норвешка и Словачка.

Киреев почна со фантастични одбрани уште од почетокот на мечот, а една од нив сигурно ќе конкурира за најдобра интервенција во првото коло на шампионатот.

https://twitter.com/EHFEURO/status/1481684790260740099?s=20

Србија ја декласира Украина со 31:23, Шпанија беше подобра од Чешка и славеше со 28:26 во првите натпревари на ЕП што се играа од 18 часот.

Вечерва од 20.30 часот ќе се играат уште пет меча во првиот ден на ЕП.

 

 

- Оглас -

Најнови вести