Како Штербик да бранеше за Ференцварош – Дибус ја маѓепса мрежата за Николов и Муслиу (Видео)

Дејнес Дибус имаше цел сет неверојатни одбрани на унгарското дерби и ја маѓепса мрежата за Бобан Николов, Висар Муслиу и нивните соиграчи од Мол Фехервар и е најзаслужен за победата на Ференцварош.

Шампионот на Унгарија победи со 2:1, со головите на Давид Сигер, а феноменалниот голман на шампионот успеа да го совлада само резервата на Мол Фехервар, Георги Миланов.

Погледнете дел од феноменалните реакции и одбрани на голманот на Ференцварош.

 

- Оглас -

Најнови вести