Како да е проколнат – го загуби 11-тото финале во кариерата, осмо во низа

Феликс Ожер Алиасим е нов шампион во Ротердам откако во финалето, без многу мака славеше над Стефанос Циципас. Иако Гркот беше во улога на фаворит, младиот канадски тенисер победи лесно со 6:4, 6:2 во меч кој траеше само 77 минути.

За Ожер Алиасим ова е прв АТП трофеј и тоа во деветото финале, додека Циципас го загуби 11-тото финале во кариерата. Сепак, Гркот не е со „празни раце“, затоа што има освоено седум трофеи во кариерата, но последните осум финалиња ги губи.

 

- Оглас -

Најнови вести