Како да ја изненадиме Австрија? Составот на Македонија останува енигма до пред почетокот на мечот

Македонија теоретски уште има шанса за второто место во групата, кое води директно на Европското првенство следната година, но прво треба да направи чудо на денешното гостување кај Австрија, а потоа и да се прават плус калкулации. Според коефициентите во Sport Life (1.27 коефициент за кец), но и според играчите на Спортска прогноза (82 отсто типуваат кец), Австрија е голем фаворит. Во прилог на тоа е и фактот што пред пет месеци, Австрија во Скопје победи убедливо со 4:1.

Најавите се дека домаќините на мечот во Виена ќе играат во формација 4-2-3-1, а на голот ќе биде дебитантот Александер Шлагер кој брани во ЛАСК. а во дефанзивната четворка ќе бидат Лајнер, Драговиќ, Хинтерегер и Улмер. Коректори на дефанзивата ќе бидат Баумгартлингер и Лајмер, додека офанзивното трио треба да биде составено од Лазаро, Сабитцер и Алаба. Нападот е резервиран за Марко Арнаутовиќ.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски има проблеми со неколку повредени и суспендирани играчи.

Засега како опција за стартниот состав на Македонија во формација 3-5-2 се: Димитриевски – Ристовски, Зајков, Ристевски, Тошевски, Спировски, Алиоски, Елмас, Барди, Стојановски и Пандев.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести