Како да се протолкува кој е во право? Меси и Барселона може да завршат и на суд!

По 16 сезони поминати во дресот на Барселона, Меси си оди од „Камп ноу“. Стадионот за кој многумина веруваа дека ќе биде неговиот вечен спортски дом, сега станува само минато за Аргентинецот. Лионел по писмен пат побара да си замине од Барселона, и тоа без пари. Од Барселона возвратија дека Меси има договор до јуни 2021 година и дека единствено може да си замине ако некој клуб за неговото раскинување плати 700 милиони евра.

Нормално е дека нема клуб кој може да ја плати бараната сума на Барселона, но Меси е убеден дека ќе си оди како слободен играч. Во договорот што го има Аргентинецот со Барселона стои една посебна клаузула, која е спорна и поради која може да се заврши дури и на суд, секако ако двете страни не најдат заеднички компромис.

Во договорот стои дека Меси може да си замине од Барселона, и тоа како слободен играч по завршување на сезоната до 10 јуни. Тој датум одамна е поминат, но има една друга работа. Поради пандемијата со корна-вирусот, сезоната не заврши во предвидениот термин, па адвокатите на Меси тврдат дека во договорот стои дека се работи за датум кој е 10 дена по завршување на сезоната. Ако се протолкува тоа како 10 дена од завршување на сезоната, тогаш Меси навреме го дал своето барање за раскинување на договорот.

Останува во следниот период да видиме дали Барселона ќе го прифати барањето на Меси да си оди како слободен играч или сепак нема да биде пријателски заминувањето на најдобриот играч кој некогаш се појавил во дресот на Барселона.

Легендарниот Гери Линекер потенцираше дела Барселона мора да му дозволи на Меси да си замине и да ја почитува неговата одлука, посебно затоа што тоа е фудбалерот кој толку години бил лојален на клубот и дека ќе биде страшна грешка ако на неубав начин заврши целата приказна околу Меси и Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести