Како гласаа македонскиот селектор и капитенот: Милевски и Ристовски немаа дилеми дека Меси и Скалони се најдобри (Фото)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, и капитенот Стефн Ристовски својот глас во изборот на ФИФА на најдобрите играчи за 2022 година го дадоа за лауреатите.

И Милевски и Ристовски, како и македонскиот претставник од медиумите, Мијалче Дургутов, својот глас го дадоа за Лионел Меси и Лионел Скалони кои беа прогласен за најдобар играч и тренер за минатата година.

Селекторот Милевски, својот глас за најдобар играч во минатата година го даде за Меси, кому му додели пет бода, а гласаше и за Килијан Мбапе (3 бода) и Карим Бензема (1 бод), кои и беа најдобрите тројца играчи во изборот на ФИФА.

Капитенот Ристовски најмногу гласови, пет, му даде на лауреатот, а имаше поинакво видување за другите двајца најдобри играчи. Фудбалерот на Динамо Загреб, покрај Меси, своите гласови ги даде за Лука Модриќ (3) и за младиот Аргентинец, Хулијан Алварес (1).

Македонскиот претставник од медиумите, Мијалче Дургутов, своите гласови ги распредели за Лионел Меси (5), Килијан Мбапе (3) и за Лука Модриќ (1).

- Оглас -

Најнови вести