Како Италијанците нѐ претставија пред баражот во март: Македонија е опасен ривал и без вечното момче Горан Пандев

Веднаш по ждрепката за бараж дуелите за Мундијалот во Катар идната година, италијанските медиуми на интересен начин ја претставија Македонија, селекција што ќе и биде противник на Италија на 24. март во полуфиналето.

Без Горан Пандев не може да мине ниту еден текст за Македонија, а како што велат со кам-бекот на вечното момче почна фудбалската револуција на нашата репрезентација.

„Македонија ќе се претстави во ново руво без вечниот Горан Пандев. Тие направија фудбалска револуција, ја победија големата Германија на гости, играа на прво Европско првенство и претставија нови одлични играчи од новата генарција што ја предводат наполитанецот Елиф Елмас, потоа Енис Барди, поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски. Ги познаваме и Илија Несторовски, кој е член на Удинезе, Стефан Ристивски играше за Парма, потпомогнати од Алиоски, младите таленти Чурлинов, Милан Ристовски. Ќе видиме една нова Македонија, која може да биде незгоден ривал во полуфиналето од баражите за настап во Катар“, пишуваат новинарите на „Калчомеркато“.

Македонија имаше исклучително тешка ждрепка и ако успеат да приредат голем подвиг против четирикратниот светски првак на 24. март идната година, ќе треба да ја победи Португалија, или Турција повторно на гости на 29. март за да игра на историски Светско првенство во ноември и декемви идната година во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести