Како изгледа вграден дефибрилатор на фудбалер кој преживеал срцев удар? (Видео)

Англискиот фудбалер Чарли Вајк е еден од оние кои успеа да преживее срцев удар и повторно да се врати на фудбалскиот терен. Несреќата се случи само неколку месеци по тоа што му се случи на Кристијан Ериксен, кој доживеа срцев удар за време на Европското првенство и преживеа.

Во ноември минатата година, Вајк бил на тренинг со својата екипа Виган, кога наеднаш почувствувал тегоба и паднал на тревата. Брзата лекарска интервенција и вградувањето на дефибрилатор му го спасило животот на овој фудбалер, кој 3-4 минути бил без работа на срцето.

Вајк ја раскажа својата приказна и покажа како изгледа вградениот дефебрилатор во неговото тело. Тој сега полека закрепнува и се врати на тренинг. Фудбалерот вели дека приказната на Ериксен, кој успеа да се врати и повторно да игра на врвно ниво, му дало инспирација да не се откаже од кариерата.

- Оглас -

Најнови вести