Како изгледаше Жиру претходниот пат кога даде четири гола на еден меч? (Фото)

Францускиот голгетер Оливие Жиру на 34 години и 63 дена стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал четири гола на еден меч од најсилното клупско натпреварување на светот и синоќа приреди шоу против Севилја, а ова му е само втор „покер“ во кариерата. Жиру даде четири гола и во 2009 година, но тоа беше средба од втората француска лига.

„Се обидувам да уживам додека сум на терен. Трпелив сум, верувам во себе, сакам да му помагам на тимот. Да, се сеќавам на претходниот меч на којшто дадов четири гола. Тогаш играв за Тур во втората француска дивизија. Соиграч ми беше Лоран Кошќелни. Игравме против Арле Авињон, убаво се сеќавам на натпреварот“, изјави Жиру, кој стана познат на пошироката јавност во 2012 година, кога заигра за Арсенал.

Еве како изгледаше Жиру на мечот во 2009 година, кога првпат постигна четири гола.

- Оглас -

Најнови вести