Како Ливерпул може да заштеди 25 милиони евра, ако Селта Виго испадне од Примера?

Селта  Виго е многу блису до опстанок во елитната шпанска Примера дивисион, а голем заслуга за тоа има и победата на Леванте на гости кај Жирона од 2:1. На тој меч, македонскиот репрезентативец Енис Барди го даде голот за победа, за голема радост на гостите, но очигледно и на Селта виго. Со поразот на Жирона, Селта остана со три бода пред ривалот кој е во зоната за испаѓање.

Ваквиот расплет во шпанското првенство не му одговараше на Ливерпул. Од каде сега англискиот тим во приказната за борба за опстанок во Шпанија? Ливерпул веќе неколку месеци е заинтересиран за напаѓачот на Селта, Макси Гомес. Доколку Селта по некое чудо испадне во последното коло, откупната клаузуа на Гомес ќе му биде 25 милиони евра. Доколку Селта остане, откупната клаузула за овој играч ќе биде двојно поголема, што значи дека Ливерпул ќе треба да искешира 50 милиони евра.

Гомес, кој има 22 години, во 34 меча даде 13 погодоци сезонава, а имаше и пет асистенции. Во дресот на репрезентацијата на Уругвај, во 12 средби има еден погодок. Селта во последно коло игра против испаднатиот Рајо, а Жирона гостува кај Алавес.

 

- Оглас -

Најнови вести