КАКО МАШИНА: Има 36 години, а осма година по ред покажува најдобри резултати на тестирањето кај Ливерпул

Дека годините за некои играчи се само бројка, докажува и Џејмс Милнер. Заменик-капитенот на Ливерпул убедливо е најдобро подготвениот фудбалер во тимот од „Енфилд роуд“, покажуваат тестовите направени пред стартот на новата сезона.

Милнер во јануари ќе полни 37 години и за него ова ќе биде дури 21 сезона во англискиот фудбал. Почна со неполни 17 години во тимот на Лидс, играше за Свиндон, Њукасл, Астон вила и Манчестер сити, а од 2015 година се пресели во Ливерпул.

Откако е дојден во Ливерпул, на тестирањата пред секоја сезона Милнер има најдобри резултати од сите фудбалери, дури и од оние кои се по 10-15 години помлади од него, не може да ги достигнат резултатите на дефанзивниот играч за врска.

На последното тестирање, најблиску до обидот да го „сруши Милнер од тронот“ беше 25-годишниот стопер Џо Гомес, но не успеа и мораше да му признае на човекот кој е како машина.

По дознавањето на резултатите, тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, имаше само реакција на чудење „Вау“.

Минатата сезона Милнер одигра 39 меча за Ливерпул, а на теренот помина речиси 1.400 минути.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести