Како Мората стана вториот најскап фудбалер на сите времиња!?

Алваро Мората се врати во Јувентус и повторно треба да биде тандем со Кристијано Роналдо во нападот. Шпанскиот репрезентативец има 27 години, а зад себе има прилично интересен број трансфери, и тоа во европски гиганти. Мората започна во Реал Мадрид, потоа замина во Јуветус, а потоа повторно се врати во Кралскиот клуб.

Од Реал замина во Челзи, а следната негова дестинација беше Атлетико Мадрид. Од Мадрид повторно се пресели во Јувентус, а со последниот трансфер Мората стана и вториот најскап фудбалер во историјата. Во досегашната кариера, клубовите кои сакаа да го имаат Мората во своите редови досега исплатија вкупно 235 милиони евра.

Единствено за Нејмар досега биле платени повеќе пари. За трансферите на Бразилецот досега биле исплатени 270 милиони евра. Нејмар е и рекордер на еден трансфер, кога ПСЖ за него даде 222 милиони евра за да го купи од Барселона.

Зад Мората е Кристијано Роналдо, чии трансфери во Манчестер јунајтед, потоа во Реал Мадрид и на крајот во Јувентус чинеа вкупно околу 230 милиони евра. За Белгиецот Ромелу Лукаку досега се исплатени малку повеќе од 200 милиони евра и тоа од екипите на Челзи, Евертон, Манчестер јунајтед и Интер. Петтото место е за Антоан Гриезман со платени околу 200 милиони евра за францускиот репрезентативец.

- Оглас -

Најнови вести