Како можеше? Чупо-Мотинг не му дозволи на својот соиграч да постигне гол (видео)

ПСЖ во овие моменти игра против Стразбур во францускиот шампионат, меч во кој им е потребна победа за официјално да бидат старо-нови шампиони на Франција. Сепак, по првиот дел од средбата „светците“ се во негатива од 1-2, а еден потег на напаѓачот Максим Чупо-Мотинг стана хит.

При резултат од 1-1, голгетерот на ПСЖ буквално го спаси противникот од гол откако неговиот соиграч Нкунку го надитри голманот на Стразбур со лоб, а овој наместо да ја остави топката да ја помине гол-линијата, Чупо-Мотинг ја извади и му попречи на ПСЖ да поведе. Потоа следуваше казна за домаќините, Гонкалвес избори водство за Стразбур по првите 45 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести