Како можеше? Несфатливо неискористен зицер во данската Суперлига (видео)

Нордсјиланд и Копенхаген ги поделија бодовите при конечни 1-1 во дуелот од 27-мото коло во плејофот од данската Суперлига. На мечот се случи можеби промашувањето на годината во изведба на Мадс Тајчосен.

Бекот на домаќините требаше да ја искористи мешаницата и само од еден метар пред голот да ја затресе мрежата, меѓутоа неговиот обид помина над гредата и заврши на трибините. Тајчосен се чудеше како може да не го искористи „зицерот“ во ситуација кога Нордсјиланд беше во негатива. За нивна среќа, Сулемана изрмани во 66-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести