Како на фудбалски меч: 30.000 луѓе на трибините, кореографија, Серена не можеше да не победи (Фото)

Серена Вилијамс ја победи Данка Ковиниќ со 6-3, 6-3 во првото коло на Отвореното првенство на САД, па Американката си го одложи пензионирањето.

Легендата имаше поддршка дури од 29.430 гледачи на трибините на стадионот „Артур Еш“ и тоа е рекордна посета за еден гренслем-меч.

Атмосферата беше како на фудбалски меч, на трибините имаше многу филмски, спортски и политички ѕвезди, а 40-годишната Вилијамс победи и ја продолжи низата од 21 настап во првото коло на Отвореното првенство на САД без да загуби.

Во второто коло, Вилијамс ќе игра со втората носителка, Анет Контавеит од Естонија.

На машкиот дел од турнирот се случи една сензација. Испадна Стефанос Циципас, кој загуби со 0-6, 1-6, 6-3, 5-7 од 94-то рангираниот тенисер на АТП-листата, Колумбиецот Даниел Галан, кој играше и квалификации за да влезе на главниот турнир.

- Оглас -

Најнови вести