Како на ревијален меч, одбраните на Сити и Ливерпул примаат гол на секои 12 минути (Видео)

Манчестер сити и Ливерпул им приредуваат спектакл на љубителите на фудбалот кои го гледаат овој меч. Во средината на второто полувреме од овој дуел од Лига купот, резултатот е 3-2 за Граѓаните.

Во првите 15 минути од второто полувреме паднаа три гола. Прво Марез погоди за 2-1, па Салах експресно изедначи, а третиот гол за Сити беше дело на Аке, кој погоди со глава по нафрлувањето на Де Бројне. Аке, кој е централен дефанзивец, има дадено три гола против Ливерпул и тие му се една од омилените жртви.

- Оглас -

Најнови вести