Како најлесно да добиеш пенал во Франција? Сам сопни се и падни (Видео)

Олимпик Лион ја оправда фаворитската улога и со 3-2 победи на гостувањето кај Амиен во осминафиналето од Купот на Франција. На мечот беа постигнати пет погодоци, но највпечатлив беше начинот на којшто Лион го даде првиот гол за 1-0.

Во 20-тата минута, Бертранд Траоре излезе сам пред голманот на домаќините, но наместо да шутира, тој падна. Судијата помисли дека е фаулиран и покажа на белата точка. Сепак, видеоснимката покажува дека тоа е еден од најбизарните досудени пенали бидејќи Траоре самиот се сопна и падна во шеснаесетникот, а судијата го награди со удар од 11 метри.

https://youtu.be/uCUskD9zAxw

- Оглас -

Најнови вести