Како од 462 место се стигнува до прва позиција? Беше машко, сега е жена

Трансродна пливачка од универзитетот Пансилванија, Лиа Томас постави нов рекорд на трката од 500 јарди (околу 460 метри), во слободен стил. Овој резултат на Томас предизвика реакција во јавноста затоа што зад нејзе сите останати многу доцнеа.

Томас беше доминантна во втората половина на трката кога оствари голема предност и на крајот имаше време од 4:37,32 минути и го собори рекордот на олимпијката Кејт Зеглер.

https://twitter.com/i/status/1494456818474565638

Трансродната пливачка веќе оствари неколку лесни победи и се пласираше на државното првенство. Многу закони во САД се обидуваат да ги спречат трансродните спортисти да се борат против ривалките родени како жени.

Томас има 22 години и сезонава е со најдобри резултати во дисциплините 200, 500 и 1.650 јарди. Интересно е дека додека беше машко и се викаше Вилијам, спортските резултати беа повеќе од скромни и беше на 462 место на ранг листата. Сега меѓу жените е на првото место.

Лиа Томас повеќе од две години има примано хормонски терапии и поради тоа доби дозвола да се натпреварува во женска конкуренција.

 

- Оглас -

Најнови вести