Како се игра кошарка по четири и пол месеци пауза (видео)

Веќе трет ден екипите во НБА-лигата играат контролни натпревари кои им служат како загревање во пресрет на продолжувањето на сезоната. По четири и пол месеци пауза, конечно гледаме пресметки на паркетите во најатрактивната кошаркарска лига во светот, но според видеоприлогот подолу, се чини дека кошаркарите се далеку од потребното ниво.

Во средбата меѓу Портланд и Индијана најдобро се отсликаа последиците од принудната пауза, која почна од 11 март и траеше до пред неколку дена. Во триесетина секунди играчите демонстрираа урнебесни и неконтролирани потези, да не ти се верува дека ова е дуел од НБА-лигата.

https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1286440090034724864

- Оглас -

Најнови вести