Како шпиунски филм – Барса имала агент во Париз, на крај го обвинија Нејмар дека ги излажал

Сагата со Нејмар е како шпиунски филм, што заврши со неуспех на Барселона, клуб кој постојано имал свој агент во Париз за да контактира со играчот, со цел тој да се врати на „Камп Ноу“.

„Постојани истакнуваше дека е незадоволен со статусот во ПСЖ и дека не е задоволен со условите што му ги нудат за нов договор, но на крајот не издаде и остана во Париз“, велат од Барселона.

Постојано во контакт со Нејмар бил и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, но сепак Бразилецот потпиша нов договор со ПСЖ до 2025 година и ќе има годишна плата од околу 26 милиони евра.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година и тоа одлично, па за рекорден трансфер пред четири години од редовите на шпанскиот гигант се пресели во Пари Сен Жермен.

Заедно со бонусите ПСЖ и плати на Барселона сума од 222 милиони евра што се уште е апсолутен рекорд во светот на фудбалот.

Вчера францускиот клуб објави дека ја продолжи соработката со Нејмар до 2025 година со одлична плата за Бразилецот од 26 милиони евра годишно.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести