Како што доликува: Старите шампиони ќе формираат шпалир за новиот првак

Премиер лигата се враќа на програмата на 17 јуни со два заостанати меча, а само два дена подоцна почнува редовното 30-то коло. Ливерпул е на две победи од математички обезбедување на титулата по три децении пост, а можно е како официјално нови шампиони на Англија Црвените да гостуваат кај сè уште актуелниот првак Манчестер сити.

Дербито на двете најквалитетни екипи за оваа сезона е предвидено за 2 јули во рамки од 32-то коло, за кое допрва треба да се одреди термин и место за одигрување. Ливерпул ќе биде во улога на гостин, а пред мечот играчите на Манчестер сити и менаџерот Пеп Гвардиола ќе направат шпалир за да ги дочекаат новите шампиони.

Во случај Сити да загуби во еден од трите меча пред да се сретне со Ливерпул, а во меѓувреме тимот на Клоп да ги доби наредните две средби, шампионот ќе се знае и порано од предвиденото дерби меѓу Граѓаните и Црвените.

По нецело 29-то коло, Ливерпул е на врвот со 82 бода, 25 повеќе од Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести