Како со еден шут се стигнува до нокаут во УФЦ (Видео)

Александер Волков го победи Волт Харис, во меч од УФЦ шоуто кое е во Абу Даби. Рускиот борец победи со технички нокаут во втората рунда. Во поголем дел од мечот Волков доминираше, а клучно за победата беше ударот со нога директно во стомакот на противникот.

Харис не го издра „шутот“, се наведна, а потоа Волков продолжи со ударите, па судијата мораше да ја прекине борбата.

Во Абу Даби сите се во исчекување на најважната борба на вечерта, таа меѓу Хабиб и Гејџи.

 

- Оглас -

Најнови вести