Како средбата со Меси му го претвори животот на малото момче во пекол (Видео)

Муртаза Ахмеди е момчето кое стана светски популарно точно пред пет години, кога се појавија фотографиите на кои носи дрес од најлонска кеса. Петгодишното детенце од Авганистан го носеше дресот со бројот 10 на Лионел Меси. Неговиот постар брат ги ставил фотографиите на Фејсбук, а потоа тие вирално се проширија низ целиот свет и го привлече вниманието на сите медиуми.

Најразлични организации се заинтересираа за Муртаза Ахмеди, а фотографиите стигнаа и лично до Меси. Аргентинската суперѕвезда организираше средба со детенцето, на која Муртаза доби дрес, топка и фотографии за спомен со Меси. Токму од тој момент започнува и пеколот за детенцето.

„Кога се вративме од посетата со Меси во Доха, во нашиот дом пристигнаа две големи кутии испратени од Меси. Кога ги видов, си помислив дека во едната има играчки за Муртаза, а во другата дека има многу пари. Но, кога ги отворивме кутиите имаше само топка и дрес“, се сеќава таткото Ариф.

Големите кутии ги виделе и соседите, па започнале да се шират невистини дека детето добило голема сума пари од Меси. Тогаш семејството Ахмеди станало цел на бандити, разбојници кои верувале дека таму може да најдат многу пари. Започнале да стигнуваат закани и од талибанските групи кои испратиле писмо во кое семејството било заплашено дека ќе им се случат ужасни работи. Ариф побарал од властите да добие азил, но неговото барање било одбиено.

„Отидовме во Доха за да може Меси да направи нешто за Муртаза, но тој не направи ништо“, додава таткото Ариф.

Малото дете престанало да оди и во училиште, секаде било цел на напади, дури постоел страв да биде и киднапиран. Едноставно популарноста дека го запознал Лионел Меси, на Муртаза му донесе многу повеќе проблеми и неубави работи отколку среќа што успеа да го запознае својот идол. Момчето на крајот сепак вели дека и покрај сите непријатности, Меси останува негов идол.

Погледнете ја целата приказна раскажана од семејството на малиот Муртаза.

 

- Оглас -

Најнови вести