Како Струга нема друга, убедлива победа во Струмица најава за шампионски амбиции

Струга Трим Лум продолжува со перфектната низа во македонското првенство откако со 3:0 погоди на гости во Струмица против Академија Пандев. Бунјамин Шабани го најави триумфот на гостите со погодок во 32 минута, што беше единствен гол во првото полувреме.  Сите дилеми околу победникот ги реши искусниот Бесарт Ибраими со гол во 73 минута, а во 90 минута Зија Мерџани.

Актуелниот првак Шкупи и по смената на тренерот Гоце Седлоски, продолжува со лошите игри. Чаирчани загубија на гости во Штип од Брегалница со 2:0. Гостите речиси еден час играа со фудбалер помалку по црвениот картон што го доби сандеј Адетунџи. Брегалница ја искористи бројчаната предност и во второто полувреме даде два гола, што беше доволно за три бода.

Скопје минимално со 1:0 славеше над Победа, додека Силекс со 3:2 го победи Тиквеш во најефикасниот меч во ова коло. Единствено без победник одиграа Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, а мечот заврши 1:1.

Резултати: Академија Пандев – Струга Трим Лум 0:2, Брегалница – Шкупи 2:0, Скопје – Победа 1:0, Шкендија – Македонија Ѓорче Петров 1:1, Силекс – Тиквеш 3:2. Работнички беше слободен во ова коло.

- Оглас -

Најнови вести