Како успеа Челзи среде пандемија да купи толку играчи, и да не го прекрши финансискиот фер-плеј?

Тимо Вернер, Хаким Зијеш, Бен Чилвел, Тијаго Силва, Маланг Сар, најверојатно и Каи Хаверц. Сите овие фудбалери Челзи ги ангажиираше летово, кога најголем дел од клубовите во Европа се жалат дека поради пандемијата ќе мора да штедат. И плус тоа, Сините иако потрошија доста пари, не го прекршија финансискиот фер-плеј кој не дозволува да се трошат многу повеќе пари за засилувања од тоа што клубот ќе го добие од продажба на играчи.

Тренерот Френк Лампард ќе има слатки маки околу составување на тимот, Челзи ќе има широк состав кој ќе се бори за титула во Премиерлигата, но најинтересно е како дојдоа до ситуација да доминираат на трансфер пазарот?

Освен Тијаго Силва кој дојде бесплатно од ПСЖ, а Сар ќе биде позајмен во следната сезона, за сите други засилувања Челзи плати „солено“ (40 или повеќе милиони), а најскап ќе биде Хаверц за кој ќе издвојат околу 90 милиони евра.

Сопственикот Роман Абрамович троши како пред 17 години кога го презеде клубот и му ја смени историјата. Изгледа коронавирусот не донесе големи загуби во Челзи, а продажбите на Еден Азар и Алваро Мората им помогнаа да ги исполнат барањата на ФИФА за финансиски фер-плеј. Сегашните трошења делуваат чудно, но пред оваа сезона клубот продаде двајца играчи за 130 милиони, а и платата на Тимо Вернер нема да расте од година во година, па малку ќе се намали притисокот врз годишното трошење.

- Оглас -

Најнови вести