Како успеа Ливерпул да го продаде најдобриот играч и да стане уште појак?

Заминувањето на Бразилецот Кутињо во Барселона во јануари 2018 година требаше да значи големо ослабување на Ливерпул, но всушност тимот стана посилен. Тренерот Јирген Клоп не ја знаеше американската „Патрик Јуинг теорија“, но ја примени.

Поранешната НБА ѕвезда Јуинг, во 90-тите беше главна ѕвезда на Никс, и 11-кратен ол-стар, но њујорчани имаа подобри резултати на терен кога Јуинг не беше во тимот.

Ливерпул без Кутињо две години по ред стигнува до финалето во Лигата на шампионите, нешто што не им успеваше додека тој го носеше дресот на „црвените“ од „Енфилд“. Ливерпул успеа од Барса да извлече 145 милиони евра, а притоа има подобри резултати, што докажува дека трансферот на Кутињо е исплатлив за премиерлигашот.

Парите беа потрошени за Вирџил Ван Дајк, голманот Алисон Бекер, Фабињо и Џердан Шаќири, со што добија многу на ротацијата и тоа им помогна до крај да се борат за титулата во Премиерлигата. Головите и асистенциите на Кутињо беа покриени од Салах, Фирмино и Мане, кои се опасни и играта на Ливерпул веќе не е толку предвидлива.

Ова е доказ дека не секогаш продажбата на главниот играч треба да биде кобно, но парите треба паметно да се искористат.

- Оглас -

Најнови вести