Како успеа Меси да го победи Ван Дајк иако Холанѓанецот беше голем фаворит?

Лионел Меси доби уште една од многуте вредни индивидувални награди откако беше прогласен за најдобар во изборот на ФИФА. Во гласањето на ФИФА учествуваат новинари од цел свет, но и капитените и селекторите на сите земји членки на Светската фудбалска федерација.

ФИФА ја истакна листата на сите гласови во изборот и едно стана јасно. Меси успеа да стигне до трофејот благодарение на гласовите кои ги доби од капитените и селекторите. Аргентинецот беше убедливо најдобар во гласањето на неговите колеги и тренерите, додека ако се погледнат гласовите од новинарите, тогаш ситуацијата е малку поинаква.

Во изборот на новинарите најмногу гласови има добиено Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот од новинарите собрал 462 поени, а Меси останал пократок речиси за 100 поени (Аргентинецот добил 364 поени од новинарите). Според ова расположение на новинарите, полека но сигурно може да се најави кој ќе биде освојувач на Златната топка, која на крајот од годината традиционално ја доделува „Франс фудбал“. Во изборот на „Франс фудбал“ се важат гласовите само на новинарите, па во тој случај на церемонијата на 2 декември како прв фаворит влегува Ван Дајк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести