Каков ден во Формула 1 – Фетел стана татко, а Ботас се разведе!

Пилотот на Формула 1 тимот Ферари, Себастијан Фетел, ја пропушти средбата со медиумите во Абу Даби и остана еден ден подолго во Швајцарија, бидејќи неговата сопруга Хана роди дете, нивно трето. Четирикратниот Ф1 шампион имаше две ќерки, а третото дете е машко.

Викендот нема да биде толку среќен за Валтер Ботас од Мерцедес. Финецот објави дека се развел со сопругата Емилија Пикараинен, која е пливачка.

„Патиштата ни се разминаа, веруваме дека вака е најдобро за нашата иднина, но се разделивме како пријатели“ – напиша Ботас на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести