Баерн Минхен води со 1:0 против Борусија Дортмунд по првото полувреме во Суперкупот на Германија, а најзаслужни за предноста се најдбриот стрелец Роберт Левандовски и голманот Мануел Нојер.
Левандовски го постигна единствениот гол во првиот дел со прецизен удар со глава во 42-рата минута. Голот можете да го погледнете ОВДЕ.
Претходно во 20-тата минута имаше дуел на капитените на двата тима, а Мануел Нојер беше поуспешен од Марко Ројс. Капитенот на Борусија имаше чист зицер откако беше осамен пред Нојер само пет-шест метри од голот на Баерн, но капитенот на Баварците имаше страшно атрактивна одбрана со нога и спречи предност на ривалот.
Баерн со 8 пехари во Суперкупот на Германија и Борусија со шест се најуспешните германски екипи во ова натпреварување.