Каков историски ден: за 12-тина часа изедначени три огромни спортски рекорди

Победата на Луис Хамилтон на патеката Нирбургринг беше негова 91-ва во кариерата во Формула 1, со што го изедначи рекордерот на Михаел Шумахер по број на триумфи во овој спорт, и само најави дека вчерашниот 11-ти октомври 2020 гоина ќе биде запишан во историјата на спортот, како ден во кој се изедначени дури три рекорди во популарни спортови.

Откако Хамилтон се израмни со легендарниот седумкратен првак во Формула 1, само неколку часа подоцна шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои својот 20-ти гренд-слем во кариерата, изедначувајќи се со големиот Роџер Федерер, со кој сега го делат првото место на вечната листа.

За комплетирање на „лудиот ден“, се погрижија кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, кои по 17-ти пат станаа шампиони на НБА лигата. исто толку титули во НБА има и Бостон селтикс, но сега Келтите веќе не може да се фалат дека сами се за врвот како најтрофеен клуб. Во 1986 година, предноста на Селтикс против Лејкерс по број на титули беше 16-9, но 34 години години, скорот е изедначен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести