Каков јунак – На 40-годишна возраст доживеа двојна скршеница на ногата, по еден месец почна да тренира

Шкотскиот репрезентативен голман Крег Гордон почна со тренинзи во сала за вежбање само по еден месец откако доживеа двојна скршеница на ногата.

Гордон брани за шкотскиот Хартс, а настрада во дуел со Стивен Флечер од Данди јунајтед. Повредата беше тешка, особено за човек што има 40 години и се очекуваше Гордон да паузира подолг период.

Но Крег, кој има брането за Шкотска и против Македонија, покажа челична волја и само за еден месец успеа да го симне гипсот на ногата и да почне со полесни вежби.

https://twitter.com/JamTarts/status/1617961146107195392?s=20&t=tYaauhbtUNsSOxK8I_ublg

Гордон има 74 настапи за селекцијата на Шкотска, најмногу од сите во актуелната генерација репрезентативци и е вкупно шести на вечната листа на фудбалери со најмногу натпревари за Храбрите срца.

 

 

- Оглас -

Најнови вести