Каков малер: Ги скина лигаментите додека го славеше голот што го постигна (Видео)

Легија со Варшава со 2:1 славеше над Флора Талин во првиот меч од второто квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони, а дуелот го одбележа една бизарна повреда.

Напаѓачот на Легија, Бартош Капустка погоди по само три минути игра, но во мометите кога сакаше да се израдува за погодокот, скокна високо, а на доскокот почувствува болка во коленото. Стрелецот на погодокот за Легија веднаш мораше да излезе од игра, а по направените лекарски прегледи, докторите констатирале дека се работи за повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото.

Тоа е една од најтешките повреди во фудбалот, па пред Капустка е подолг период на рехабилитација.

 

- Оглас -

Најнови вести